Македонски историчари: Градењето на заедничка историја со Бугарија значи погазување на жртвите и сквернавење на Илинден

Македонско-бугарските односи и ставовите на видни македонски историчари. Дали градење заедничка историја значи бришење на македонскиот идентитет? На оваа тема се дебатираше денеска на трибината организирана од институтот Павел Шатев.

Македонската Револуционерна Организација не се борела за Бугарија и бугарска држава, туку цели чети се жртвувале за Македонија и за македонска држава, рече на денешната панел дискусија професорот по историја Михаило Миновски.

„Многу работи се сметаат дека во одреден период треба науката малку да прави компромиси со политиката. Така направи македонската академија, кога со бугарската академија договараа заеднички да го слават Илинден. Јас уште еднаш ќе повторам , јас бев повикан, учествував на тие расправи и тогаш и сега и категорично сум против дека тоа е најголема штета која прави скренавење на најголемиот наш национален празник, или да речиме скренавење на борбата, сквернавење на огромните жртви што ги дадовме и да не заборавеме да кажеме во време на Македонската Револуционерна Организација до овој период никогаш не се спомнало во ниту еден документ дека се борат за бугарска држава или за Бугарија и она што е специфично да го споменеме, кај ниеден народ тоа го нема како што го има кај Македонците“, рече Миновски.

Нагласи дека војувале државите, војувале војските, цели армии се предавале, Македонските ревулоционери не се предавале, колективно цели чети се жртвувале за Македонија, за македонска држава, а не за бугарска држава, тоа е таа историската вистина.

„Нека каже некој пример друг, има Јапонци камикази поединци или и сега ги имаме, меѓутоа со цели чети да се жртвуваат такво нешто нема во историското минато. Сега ние тоа сето треба да го погазиме, да се откажеме од сето тоа, да прифатиме дека сме Бугари, односно дека Македонија е втора бугарска држава. Такво чудо никаде не се случило, дали кај нас ќе се случи ќе видиме“, истакна на денешната панел дискусија историчарот Михајло Миновски.

https://www.youtube.com/watch?v=R1gaYiIZ6zI

Во обраќање имаше и професорката Виолета Ачковска, која рече дека Илинден е светост за Македонците.

Д-р Александар Атанасовски, професор по византологија на Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет рече дека сите соседи ја присвојуваат нашата историја, а не ние нивната.