-1.2 C
Skopje
недела, јануари 19, 2025

Македонски манифест: Геноцидно бришење на знаците на македонскиот идентитет

Јавно обраќане на Македонски манифест до политичката и народната јавност по повод преименувањата на училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ во општина Чаир-Скопје.

Македонскиот идентитет со преименувањето е спепелен најмногу благодарение на квислиншката злосторничка влада на Зоран Заев и неговиот надворешен министер Димитров, кој по него има најголема одговорност за идентитетското злосторство врз Македонците. Но идентитетскиот геноцид, како што гледаме, врз Македонците не е завршен со смена на Името. Јасен показ за тоа е и најновиот варварски чин на албанските политички кабадахии тука, кои пред некој ден ги преименуваа училиштата во општина Чаир „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ во „Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“(првиот припадник на УЧК-терорист, а вториот политичар од државата Албанија, а не етничи Албанец од Македонија) , а неодамна тоа се случи и со основното ушилиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Ростуше во Река, кое беше преименувано со името на локален албански бизнисмен.

Македонски манифест смета дека тоа е варварски чин, а штом е таков тој не може да биде реализација на културна туку на варварска замисла и ум лишен од каков било културолошки дух. Потврда на тоа е и министерот за образование Арбен Адеми од ДУИ, кој ги потпишува со варварски печат овие одобренија. Човек кој е, според тоа што го прави, лишен од секаква духовна и културолошка, цивилизациска супстанција на духот и душата и кој со своите решенија учествува во идентитетскиот геноцид над народот кој сѐ им дал на Албанците, па дури се сложи и терористите од 2001 да ги запоседнат местата во владата и парламентот на Република Македонија. Додуша со помош на, пред сѐ, Американците кои нив ги користат како алатка за контролирање на Балканот. А во некоја смисла и на крајно импотентната кон нив Европа.

Прашуваме: знае ли министерот Адеми кои се Ѓорѓија Пулевски, Никола Вапцаров и Рајко Жинзифов, па да ги брише нивните имиња од ушилиштата што ги граделе Македонците. Не знае и нема никогаш да знае бидејќи неговиот ум е заробен, а неговиот дух и интелигенција со овие и сличните потези е под долната граница на моралот и културата.

Но тоа не се први преименувања и бришење на културолошките идентитетски знаци на Македонците на родната почва за која се положени илјадници благородни жртви за сега некој варварски да го игнорира тоа. И тоа не е добра волја и меѓуетнички соживот, оти дрскоста на Албанската политичка елита нема граници. Попуштањето, пак, на македонските политички елити кон нив на штета на Македонците, улизувајќи им се на САД и Европа, кои Албанците ги прогласија за жртви на некаква си неправда, не согледувајќи ја нивната агресивност, доведе до крајна стигматизација и понижување на македонскиот народ. Доведе до единствениот познат парадокс во светот на европската и светската „демократија“ мнозинството да биде најдрско и дури и со геноцидни методи малтретирано од малцинството што не става никаква граница на својата агресивност.

Во заклучок: Македонски манифест бара итно разрешување на министерот за образование Арбен Адеми, кој нема минимален интелектуален и морален капацитет за оваа функција и кој е учесник и поттикнувач на дополнителните акции на Албанците за геноцидно бришење на македонските културно-цивилизациски знаци на идентитет и духовно постоење.

Македонски манифест бара, да се стопира оваа геноцидно варварство на албанската политичка елита и да се донесе по итна постапка Закон за забрана на какво било и од било кој бришење на македонските идентитетски знаци на училишта, улици, плоштади, села, градови, реки, планини, дрвја, камење… Тоа е итно.

Македонски манифест, разбирливо, бара итно да се вратат на свое место преименуваните македонски идентитетски топоними и да се казнат најстрого сторителите на тоа злосторство, како оние од албанската, така и оние од македонската политичка елита, подлизурковци и квислинзи, кои работат за туѓи интереси, а во полза за своите црева и својот џеб.

Македонски манифест вели СТОП на геноцидната Тиранска платформа, изготвена во канцелариите на ЦИА и Пентагон за идентитетска и секаков друг вид ликвидација на Македонците. Еднаш мора да му се стави точка на тоа варварство. СТОП! Македонци, освестете се и обединете се. Бранете го своето право на достоинствено постоење во сопствената држава и татковина!

Интегрално соопштение на МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ