Претстојната посета на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос е тест за патриотизмот на македонските политичари, но и за македонската јавност, сметаат од Иницијативниот одбор на Македонски манифест.
„Од една страна тоа е тест за нив, како утре ќе се држат со овој човек и друго тест за самата македонска јавност, за македонското општество и македонскиот народ ние мораме да одлучиме какви политичари, какви лидери ни се потребни дали лидери кои зборат едно во зависност каде се наоѓаат или лидери кои ќе имаат став, цврст став кога зборуваат одбрана на македонското име, навистина да биде одбрана на македонското име“, вели професорот Влахов Мицов.
Професорт вели дека грчкиот министер кој доаѓа во земјава в четврток не треба да биде пречекан од високи претставници на македонските државен врв поради неговите, како што вели Влахов Мицов, фашистички ставови кон Македонија.
Сличен став има и професорот Ефтим Клетников кој вели треба да се враќа со иста мерка.
„Сметам дека пречекот негов треба да биде почит за почит, непочит за непочит бидејќи очигледно тој ги изнесе расистички и фашистички ставови во францускиот сенат против Македонија, неговиот пристап е геноциден, да се изврши еден геноцид врз Македонија со менување на нејзиното име. Знаеме дека до 88’ година беше забрането да се изговора името Македонија во Грција и Европа сето тоа го знае и сега се прави наудрена“, вели професорот Клетников кој очекува Венизелос и во Скопје да има дрзок однос.
Иницијативниот одбор испрати и отворено писмо до шефот на грчката дипломатија во кое бараат од Венизелос неговата држава да престане да ја држи Европската унија како заложник.
„Едно треба да ви се признае: успеавте од ЕУ да направите предмет за потсмев на целиот цивилииран свет. Еднаш ви пречи името на Македонија, друг пат ви пречи ви пречи македонската нација, трет пат како услови ги поставувате ’добрососедските односи’…“, се вели во отвореното писмо.
Клетников вели дека се уште не одлучиле дали ќе организираат протести за време на посетата на Венизелос.
Венизелос доаѓа во посета на земјава како претставник на Грција, кој во моментов е преседавач со Унијата, во рамките на неговата балканска турнеја. Тој во земјава ќе пристигне по посетата на Приштина.