Македонски телеком отвори инкубатор за дигитални таленти

Во инкубатор за дигитални таленти, што го отвори денеска Македонски телеком, 20-ина студенти ќе развиваатапли кации за дигитална трансформација.

Студентите се областа на ИТ, телекомуникаците и е-бизност, се избрани од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Економскиот факултет.

Од Македонски Телеком велат дека бројката на тимот во дигиталниот инкубатор во иднина ќе се зголеми, а најдобрите ќе може да се вработат и да стекнат меѓународно искуство.

– Ова ново партнерство е „win win“ комбинација за двете страни – ние како корпорација добивме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идеи и професионален потенција. работиме на откривање професионалци, ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот бизнис модел очекуваме да донесе позитивни
резултати, изјави на промоцијата на бизнис инкубаторот Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Апликациите кои ги создаваат студентите треба да придоенсат за поедноставување на работните процеси во телеком, а се очекува со тек на време со таквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.