Ериксон ќе ја одржува мрежната инфраструктура на Македонски Телеком. Македонски Телеком ќе може уште повеќе да се фокусира на иновациите и на грижата за корисниците.
Македонски Телеком го избра Ериксон за партнер за управувани услуги во Македонија. Ериксон ќе ја преземе одговорноста за мрежните активности, активностите за поддршка, теренските активности и пасивните мрежи, како и услугите за одржување на инфраструктурата за фиксните и мобилните мрежи на Македонски Телеком.
Според договорот, почнувајќи од јули 2016 година, вработените на Македонски Телеком коишто работат во оваа област ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи во светски познатата компанија Ериксон.
Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком истакна: „Партнерството со Ериксон, компанија која има глобално искуство и докажана експертиза за одржување на комплексни телекомуникациски мрежи, ќе ни овозможи уште повеќе да се фокусираме на нашите корисници. Сигурен сум дека ќе го задржиме епитетот „најдобра мрежа“ со партнер кој е светски лидер во оваа област и ќе работиме поефикасно и поконкурентно за да овозможиме најдобро корисничко искуство.”
Антонио Пасарела, Раководител на продажба за Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија од Ериксон истакна: „Нашата организација за обезбедување на услуги на глобално ниво ни овозможува да обезбедуваме управувани услуги на ниво на перформанси и економии на обем кои тешко можат да се достигнат. На новите вработени им посакуваме топло добредојде во глобалното семејство на Ериксон, каде ќе имаат можност да ја унапредат својата кариера. Нашето долгогодишно искуство на полето на управувани услуги како и вештините и искуството што ќе ги донесат префрлените вработени, ќе резултираат со подобрена услуга за крајните корисници.”
Ериксон е партнер и голем добавувач на комуникациски решенија за Македонски Телеком повеќе од 20 години.
Договорите за управувани услуги со Ериксон им овозможуваат на операторите да обезбедат одржлива диференцијација на нивниот бизнис. Ериксон применува диференцирани модели за ангажирање и го користи локалното знаење стекнато од над 66.000 професионалци за обезбедување на услуги коишто работат во 180 земји низ целиот свет за да се прилагоди на посебните барања на секој свој корисник.
Според ревидираниот годишен финансиски извештај на Македонски Телеком, договорот надминува 10% од капиталот на друштвото.
За Македонски Телеком
Македонски Телеком е водечки национален телекомуникациски оператор што нуди говорни и податочни услуги на фиксна и мобилна мрежа, со долгогодишно искуство и водство на пазарот. Компанијата нуди портфолио на услуги за приватни и деловни корисници, кои се обезбедуваат од едно место, како и Cloud и ИКТ решенија, со цел да обезбеди најдобро корисничко искуство.
Според резултатите од работењето во 2015 година, Македонски Телеком опслужува 225 илјади корисници на фиксна телефонија, 1.230 илјади корисници на мобилна телефонија, 190 илјади корисници на широкопојасни услуги и 103,4 илјади корисници на MaxTV. Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком.
За Ериксон
Фотографии со висока резолуција и видео со квалитет соодветен за емитување можете да симнете на www.ericsson.com/press
Ериксон е водечката сила на вмреженото општество – светски лидер во комуникациска технологија и услуги. Нашите долгогодишни односи со сите големи телекомуникациски оператори во светот им овозможуваат на луѓето, на бизнисот и на општеството да го реализираат својот потенцијал и да создадат поодржлива иднина.
Нашите услуги, софтвер и инфраструктура – особено во делот на мобилноста, широкопојасните услуги и cloud услугите – и овозможуваат на телекомуникациската индустрија и на другите сектори подобро да работат, да ја зголемат ефикасноста, да го подобрат корисничкото искуство и да ги искористат новите можности.
Со околу 115 000 професионалци и корисници во 180 земји, ја комбинираме присутноста на глобално ниво со водството на полето на технологијата и услугите. Обезбедуваме поддршка за мрежи што поврзуваат повеќе од 2,5 милијарди претплатници. Четириесет проценти од мобилниот сообраќај во светот се пренесува преку мрежи на Ериксон. Истовремено, нашите инвестиции во истражувањето и развојот осигуруваат дека нашите решенија, заедно со нашите корисници, остануваат во преден план.
Основана во 1876 година, седиштето на компанијата Ериксон се наоѓа во Стокхолм, Шведска. Нето продажбата во 2015 година изнесуваше 246,9 милијарди шведски круни (29,4 милијарди долари). Ериксон се котира на берзите NASDAQ OMX во Стокхолм и NASDAQ во Њујорк.