![studenti protest sobranie 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/studenti-protest-sobranie-1.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство.
Како што посочуваат и тие, недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена.
– Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија. Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите, се вели во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат.
МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство.