
Црвениот крст на Македонија се вклучи кон апелот објавен од страна на Украинскиот црвен крст за помош на населението во Украина.
Целта на овој апел е да се обезбеди финансиска помош за населението во земјата.
Црвениот крст на РМ како солидарна помош за настраданото население на Украина донира 10.000 евра.
Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат во апелот со обезбедување на парична помош на:
-Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620, АД Комерцијална банка, со назнака: Помош за населението во Украина.
Можете да донирате 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.
-За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Средствата можат да се донираат до 15-ти март.