Во моментов нето загубата за оваа година е околу три милиони евра, но има акумулирано и други загуби кои не се поврзани со работењето оваа година на Пошта. Оваа загуба се должи на два фактори – ковидот и стечајот на Еуростандард банка, вели директорот Јани Макрадули за „Утрински брифинг“.
Макрадули вели дека Пошта полека се опоравува, но сепак е далеку од тоа што била во 2020 година. Тој додава дека се доцни во рамки на финансиските услуги и дека Пошта има околу 1 милион приход.
-Јавното приватно партнерство е реална варијанта. Процесот на легализација со објектите на пошта се уште не е завршен и немаме многу недвижен имот бидејќи тој што го има го делиме со германски Телеком. На потенцијалот што го имаме потребен е додатен инпут и експертско знаење за нова организациона умешност. Ние се бориме сами, а во голем дел од земјите во светот буџетот се субвенционира.
-Податоците покажуваат дека клиентите се враќаат на услугите на Македонска пошта но се бориме и со нелегална конкуренција. Во земјава циркулираат коли од друга држава и вршат достава, без притоа да се плати данок, а со тоа губи државата – вели Макрадули.