Францускиот претседател Емануел Макрон му доделил на милијардерот Бернар Арно, извршен директор на LVMH (Moët Hennessy Louis Vuitton), најголемата национална почест на церемонијата во Париз во средата, на која присуствувале суперѕвездата Бијонсе и ко-основачот на „Tesla“, Илон Маск, пренесуваат во четвртокот француските медиуми.
Приемот во Елисејскиот дворец во чест на и еден од најбогатите луѓе на планетата кому му е доделен орденот Големиот крст на Легијата, француските власти не го објавија на социјалните мрежи или на друго место.
Ниту кабинетот на Макрон, ниту LVMH не одговорија на барањето на Reuters за коментар.
Арно, кој ја изгради најголемата светска империја за луксузни стоки и контролира некои од најгламурозните брендови во модата, вклучувајќи ги „Louis Vuitton“ и „Christian Dior“, воспостави блиски врски со францускиот претседател.
Главниот извршен директор на LVMH отвори серија фабрики низ Франција во текот на изминатите неколку години, ревитализирајќи ги руралните области со добро платени работни места за производство на производи од кожа, што владата го истакна како доказ за успехот на своите политики.
Во 2020 година, Reuters објави дека Макрон побарал од неговата влада да му помогне на Арно да преговара за купување на култната американска јувелирница „Tiffany“ за да постигне поволна цена, според неколку извори. Елисејскито дворец тогаш одби да ги коментира наводите, кои прв ги објави Politico.