Познатиот малтешки прептприемач Јорген Фенег во саботата е формално обвинет за соучсништво во убиството на истражувачката новинарка Дафне Каруена Галиција во 2017 година.
Дафне Каруана Галиција, убиена во експлозија на автомобил-бомба на 16-ти во октомври 2017 година, на својот блог ги обвинуваше малтешките политичари за корупција, вклучително и две од три лица кои минатиот вторник поднесоа оставки. Три лица го очекуваат почетокот на судењето за актвирање на експлозивната направа.
Двегодишната истрага драматично се забрза на почетокот од ноември откако беа откриени нови докази, што доведе до минатонеделното апсење на претприемачот Јорген Фенех. Тој беше уапсен на 20-ти ноември, кога според истрагата се чини дека се обидувал да побегне од Малта.
Во четвртокот вечерта неговите адвокати му предадоа писмо на малтешкиот претседател Џорџ Вела и официјално објавувајќи дека Фенех може да даде информации во врска со поранешниот шеф на кабинетот на премирот Кит Шембри, поранешниот министер за туризам Конрад Мизи, минситерот за економија Крис Кардона и други лица „блиски на премиерот“. Адвокатите истакнаа дека претседателското помилување се дава по препорака на владата, и дека владата ова свое овластување го делегирала на премиерот.
Фенех, според полициски и правосудни извори запознаети со истрагата, барал имунитет во замена за сведочење кое би го поврзало Шембри со случајот и би ја открило широката корупциска шема на Малта во којашто се вмешани и политичари на високи позиции.
Во петокот кабинетот на премиерот Мускат одби да даде согласност за помилувањето на Фенех, бидејќи претседателското помилување се дава по препорака на владата. Премирот Мускат претходно го одобри помилувањето на Мелвин Теум, кој е осомничен дека бил посредник во организацијата на убиството.
Истрагата за убиството на новинарката силно ја потресе владата на премиерот Џозеф Мускат, особено откако неодмана беше откриено дека во врска со атентатот беше приведен и испитуван шефот на неговиот кабинет, Кит Шембри кој потоа беше пуштен на слобода.
Според сознанијата на агенцијата AFP, Мускат ќе ја напушти должноста на 18-ти јануари, откако Лабуристичката партија ќе избере нов претседател. Според малтешкиот парламентарен систем, претседсателот на партијата која ќе победи на изборите автоматски станува и премиер.
Семејството на убиената новинарка Каруана Галиција, опозициската Национална партија и граѓански здруженија го обвинија Мускат дека го штити својот најблизок соработник и шеф на кабинет Шембри. Илјадници демонстранти излегоа во петокот вечерта барајќи ја оставката на премирот.
„Секогаш зборуваше дека наскоро ќе замине и сега чувствува дека тој момент дојде. Но прво сака истрагата за убиството на Дафне Каруана Галиција да биде разрешено под негов надзор, како и што вети“, рекле изворите на AFP од Лабуристичката партија.
Четириесет и петгодишниот Мускат е на власт од 2013 година, сега е на средината од вториот мандат откако во јуни 2017 година беше избран на предвремените избор. Тие беа распишани поради обвинувања за корупција на неговите соработници по објавувањето на ткн „Панамски документу“ кои открија дека на Панама постојат мноштво офшор сметки отворани на компании во сопственсот на блиски лица, роднини или сами политичари од целиот свет.
Дел од истрагата во врска со Малта темелно пред смртта го истражуваше и Каруна Галиција. Тогаш таа објави за наводна поврзаност на Мускат и неговата сопруга со компанија којашто се јавува во „Панамските документи“. Сопружниците Мускат своевремено негираа дека имаат каква и да е врска со офшор компанија.