Манџукиќ се враќа во Италија, но сега во Фиорентина

Фиорентина е блиску до трансфер на поранешниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, јавуваат италијанските медиуми.

Хрватот е слободен агент откако се раздели со катарскиот Ал-Духаил на почетокот од овој месец и во моментов бара тим.

Според информациите, Фиорентина ќе се обиде да го врати 34-годишниот Манџукиќ во Серија „А“ со предлог за двегодишен договор и плата од 3 милиони евра по сезона.

Понудата има и опција за плус година.

Поранешниот хрватски интернационалец го освои Скудетото во неговите четири сезони со Јувентус помеѓу 2015 и 2019 година, постигнувајќи 44 голови на 162 натпревари.

Минатата есен Манџукиќ се покажа како непотребен за новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари и се пресели во Ал-Духаил, каде не успеа да се прилагоди и постигна само еден гол на седум натпревари.