Поранешниот шеф на претседателската кампања на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, го прекршил договорот за признавање на вината, лажејќи ги сојузните иследница, наведуваат обвинителите во судски поднесок, што може да претставува пречка во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.
Во истиот поднесок од понеделникот, се вели дека Пол Манафорт не се согласува со тврдењето на специјалниот обвинител Роберт Мјулер дека лажел, но и двете страни се согласиле дека судот мора да оди натаму и да изрече казна за делата. Без помилување, 69-годишниот Манафорт би можел да го мине остатокот од животот во затвор, проценуваат експертите за американските медиуми.
Ненадејниот пресврт се одигрува во критичниот период за Мјулер, за кој се очекува дека следните месеци ќе го заврши извештајот за резултатите од 18-месечната ткн „руска истрага“ и можниот договор меѓу Москва и кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп. Иако ова не претставува фатален удар, поништувањето на договорот на Манафорт значи дека Мјулер го губи и можеби клучниот сведот со длабоки врски со Русија, кој ја водеше кампата на актулениот претседател.
„Тоа е лошо за севкупната истрага на Мјулер. Денеска има еден сведок помалку“, вели за Reuters Патрик Котер, адокат на одбраната во Чикаго и поранешен помошник на американскиот обвинител во Њујорк. Според него, сепак, тоа не значи дека соработката на Манафорт натаму нема да биде од важност, и забележува дека тој може да го доведе Мјулер до други извори на информации.
Во обвинението на Мјулер, Манафорт се товари дека основал организација „Хапсбуршка група“, при што погрешно е напишано името на монархијата која со векови владееше во Европа. Лобирањето на поранешните политичари привидно го претставил како независни анализи, се додава во документот. Во обвинението се наведува дека со таа група управувал поранешен канцелар на една европска земја чиешто име не се наведува, пишуваше Bloomberg.
Мјулер кон средината на февруари против Манафорт подигна и обвинение кое се однесува на банкарска измама, а минатата година веќе беше обвинет за перење пари и испуштена обврска да се пријави како странски агент. Првите обвиненија против него следеа откако специјалниот обвинител ја покрена истрагата за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.
Шеесет и осумгодишниот Манафорт беше шеф на изборната кампања на Трамп од јуни до август 2016 година, а оставка поднесе по извештаите дека илегално промил милиони долари од политичка партија во Украина.
Манафорт противниците на Трамп го обвинуваат дека бил републикански политички советник кој заработил десетици милиони долари работејќи за „проруски политичари“ во Украина пред да се приклучи на кампањата на сегашниот американски претседател. Го обвинуваат и за средбата во јуни 2016-та во Њујорк со руска адвокатка за права на децата која наводно имала инкриминирачки материјали за протовничката на Трамп, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон која како кандидатка на Демократската партија беше поразена на претседателскиет избори.
Неговите долгогодишни односи со олигарх близок на рускиот претседател Владимир Путин, кој инаку многу ретко се споменува во американските медиуми, биле уште една причина поради којашто соработката на Манафорт е важна за истрагата на Мјулер која настојува да докаже дека постоела врска меѓу Русија и кампањата на Трамп. Манафорт започна да соработува во септември годинава откако пред сојузниот суд во Вашингтон се изјасни како виновен за заговор против САД, а обвинението вклучуваше широк распон од перење пари до нерегистрирано лобирање.