Бразилското министерство за надворешни работи во средата ноќта ја потврди смртта на двајца бразилски државјани во борбите во Украина, пренесуваат локалните медиуми.
„Министерството за надворешни работи, преку бразилската амбасада во Киев, на 1-ви јули доби потврда за смртта на двајца бразилски државјани на украинска територија како последица на конфликтот во оваа земја и одржува контакт со нивните роднини за да се обезбеди секаква помош во рамките на постојните меѓународно договори и локални правни норми“, се наведува во цитираното соопштение на бразилската дипломатија во кое не се открива идентитетот на жртвите.
Но според бразилските медиуми, станува збор за 40-годишниот Даглас Буриго и 39-годишната некогашна манекенка Талита ду Вали, кои загинале крај Харков откако стапиле во редовите на ткн Меѓународна легија која е во составот на украинската војска.
Според повеќето медиумски извештаи, и двајцата минале воена обука, а ду Вали минала и обука за снајперист додека војувала во Ирак. На затворениот профил на Instagram, ду Вали се опишува себеси како снајперист на курдските сили и посочува дека моментално е во Украина. Последните фотографии на Буриго на Instagram, се прошарани со украински ознаки и оружје во друштво на други борци, пишуваат медиумите.
Истовремено, роднини на загинатите за медиумите изјавиле дека и двајцата заминале во Украина од хуманитарни а не од воени побуди, но дека завршиле на фронтот.
Станува збор за веќе трета жртва во украинската војна од Бразил, откако на почетокот од јуни беше објавено дека на боиштето загинал 44-годишниот Андре Луис Хака Бахи.
@thazinhaaaaaaaaaa #war #kurdistan #kirkuk #iraq #front #brazil #brazilianwoman ♬ original sound – unknown