
Аргентинскиот фудбалски маестро Диего Марадона во текот на кариерата постојано беше во центарот на вниманието, како поради вонсериските фудбалски квалитети, така и поради проблемите во кои постојано запаѓаше.
И по завршувањето на професионалната кариера, “Божјата рака” продолжи со глупости, последен од низата беше оној кога нападна новинар, но овојпат целата таа негативна фама околу него добива една поинаква димензија, бидејќи е снимен како ја тепа својата екс-вереница Росио Олива.
Снимката била емитувана на каналот “13 ТВ”, а на неа се гледа како Марадона во пијана состојба ја удира поранешната 24-годишна вереница.
-Да, го фрлив телефонот, но се колнам во Бога дека никогаш не сум удрил жена. Многу лошо заврши ова, но никогаш не сум удрил жена, изјави накусо Марадона во врска со инцидентот.