Кошаркарот Марко Јариќ поднел тужба против поранешната сопруга Адријана Лима и бара отштета од 30 милиони долари поради тоа што ја прекинал успешната кариера поради неа.
Манекенката неодамна поднесе барање за развод од кошаркарот Марко Јариќ, кој веднаш поднел противтужба и од бразилската манекенка бара отштета.
Познатата бразилска манекенка Адријана Лима и поранешната НБА ѕвезда Марко Јариќ се венчаа во 2009 година. Според Форбс, ова ќе биде развод тежок околу 210 милиони долари.