![marko vujin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/marko-vujin.jpg?resize=696%2C487&ssl=1)
Европскиот шампион Вардар денеска го официјализираше и одамна најавеното засилување на десната бековска позиција, Марко Вујин.
Поранешниот српски репрезентативец и член на Синтелон, Дунафер, Веспрем, Кил и Спортинг Лисабон потпиша договор на две сезони со „црвено-црниот“ тим.
Вујин минатата сезона во дресот на португалскиот Спортинг се врати на ракометните терени, а во Вардар би требало да ја врати и старата форма.
Македонскиот тим досега ги официјализираше трансферите на Кантегрел, Векиќ, Гаџа, Георгиевски, Талески и Вујин, па останува да бидат потврдени уште оние на Јагуриновски и Јотиќ.
Вардар стартува со подготовки на 18 јули.