Македонската ракометна репрезентација дефинитивно ќе биде без Велко Маркоски на Европското првенство (ЕП) кое стартува за неколку дена.
Специјалистот за одбрана доби удар од Бомбач во главата и се здоби со повреда на окото на тест-дуелот со Словенија. Брестовац најави дека ќе чека до самиот крај, меѓутоа резултатите од вториот преглед и дијагнозата од лекарите не донесоа добри вести.
Направено е КТ и ЕХО на окото на Маркоски, а по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира две до три недели.
Од РФМ на Велко Маркоски му посакаа брзо опоравување. Македонија го отвора ЕП 2020 со дуел против Украина закажан на 10 јануари.
Извор: Гол.мк