Во дербито од 17-то коло од француското фудбалско првенство Марсеј на својот „Велодром“ во недалата го победи Бордо со 3:1, постигнувајќи ја шестата последователна победа.
Бордо поведе во 31 минута со одличниот гол на Јасин Адли од повеќе од 25 метри, но Олимпик Марсеј во продолжението успеа да направи пресврт. Израмни Жордан Амави во 48 минута, за водство на домашните погоди Морган Сансон во 60 минута, а победата на домашните ја потврди Немања Радоњиќ во втората минута од судиското продолжение на мечот.
Ремс пак со истиот резултат 3:1 го победи Сен-Етјен остварувајќи ја првата победа во последните шест кола. Стрелци за домашните беа Реми Уден во 10, Булеи Диа во 67 и Муса Думбиа во втората минута од судиското продолжение, а за гостите Ромен Амума во 59 минута.
Нант славеше против Дижон, со голот на Лудовик Блас во 73 минута.
На табелата води ПСЖ со 39 бодови, Марсеј е втор со 34, додека Лил на третото место има 28 бодови. Рен има 27, а Бордо и Нант по 26 бодови.