Иако во изминатите неколку недели беше поврзуван со тренерската функција во редовите на Арсенал и Барселона, актуелниот менаџер на Евертон, Роберто Мартинез откри дека му е преубаво на “Гудисон Парк” и дека не размислува за никаква промена на клупската средина.
“Станува збор за убав фудбалски комплимент и за ништо повеќе. Не е важно дали таквата информација има некакво влијание врз менаџерот, врз моите соработници или врз фудбалерите, важно е дека станува збор за добар знак. Тоа значи дека сме на добар пат, на победнички пат. Јас сум фокусиран само на следниот првенствен натпревар, не се замарам со новинарските шпекулации. Ако не сум фокусиран на следниот натпревар и ако загубиме, тогаш позитивните кометари ќе бидат заменети со негативни коментари”, изјави Мартинез.