Заштитните маски FFP2 ќе станат задолжителни на јавните места во Берлин од среда, објави во неделата портпаролката на градскиот совет на германската престолнина.
Заштитните маски FFP2 имаат подебел заштитен слој и погусто ткаење, па пружаат подобра заштита отколку обичните хируршки маски и од средината на следната седмица ќе мора да се носат во Берлин во средствата за јавен сообраќај, медицински установи, продавнции и културни институции.
„Хируршките маски повеќе не се доволни“, изјави портпаролката на берлинскиот градски совет.
Германија на удар на третиот тежок бран од коронавирусот, а главно станува збор за британскиот сој, кој е позаразен од вообичаениот вирус SARS-CoV-2. Поради остар раст на бројот на новозаразените, многу германски водечки политичари во неделата бараа вонреден состанок на сојузната и на покраинските влади за да се воведат построги мерки во текот на претстојните католички Велигденски празници.
Берлинските власти сакаа некои поалу чекори кон ублажувањето на мерката за национално „затворање“, а од друга страна, пак, сакаат да го засилат тестирањето. Жителите на германската престолнина веќе на социјалните мрежи ја критикуваа обрската за носење на маските FFP3 кои се поскапи од хируршките.