Седумдесет и шестгодишна жена вчера во СВР Куманово пријавила дека лице на возраст од 30 до 35 години се обидело да ја силува. Инцидентот се случил вчера околу 11.30 часот.Полицијата работи на расчистување на случајот.
Истиот ден пак во полициската станица Карпош две жени пријавиле дека тројца нивни познаници ги нападнале и се обиделе да ги силуваат нивните малолетни ќерки.
Според пријавата настанот се случил во станот на еден од напаѓачите во временскиот период меѓу 00,30 до 05,00 часот на 27.08.2020 каде што претходно телефонски биле повикани двете малолетнички. Се работи на расчистување на случајот.