Шеесетгодиншник од Прилеп починал веројатно додека го управувал својот автомобил непосредно пред сударот со друго возило, информираат во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Сообраќјниот инцидент се слушил во петокот околу 15,40 часот кога во полицијата било пријавено дека на улицата „Јоска Јорданоски“, автомобил „мицубуши колт“, со прилепски регистарски ознаки управуван од 60-годишниот П.Н. од Прилеп, удрил во автомобилот „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки кој го управувал Г.Ш. од Прилеп.
Во незгодата кај двете возила била причинета материјална штета, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана природна смрт кај возачот П.Н., кој според пријавеното имал здравствени проблеми.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Прилеп и Јавен обвинител и, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.