Синоќа било пријавено дека во село Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.