Маж починал откако не бил примен на Инфективна во Велес

Велешанец кој бил однесен со Брза помош на Клиниката за инфективниболести-Велес, не бил примен од дежурниот персонал, за по неколку часа состојбата нагло да му се влоши, по што починал, објави „А1он“.
Станува збор за повозрасно лице кое имало над 70 години, а семејството се сомнева дека можеби бил заболен од коронавирус.

Во Центарот за јавно здравје Велес, на велешанецот вчера му била направена епидемиолошка анкета за корона вирус, но резултатите сѐ уште не се готови.

Вечерта, состојбата на велешанецот нагло се влошила, по што семејството
повикало Брза помош и тој бил транспортиран до Инфективното
одделение-Велес. Според пишувањето на А1он, тој не бил примен од дежурниот
персонал, по што бил вратен дома. По неколку часа, починал.
Неговото здравје се влошило откако му бил земен примерокот за испитување за коронавирус.
Иако според анкетата немало сомневање за коронавирус, по инсистирање на
семејството сепак му бил земен брис.