Менаџерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола ги негираше тврдењата на некои британски медиуми дека „граѓаните“ ќе го купат напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе.
Медиумите објавија дека младиот Мбапе може да го засили „Сити“ за 200 милиони фунти, додека Рахим Стерлинг би заминал за Париз.
Сепак, според Гвардиола, тоа не е вистина.
Тоа со Мпабе нема да се случи. „Сити“ нема да ги потроши парите што ги Мбапе и ПСЖ ги заслужуваат. Претпоставувам дека ПСЖ не сака да го продаде. Не разбирам од каде доаѓаат тие вести, ние нема да го замениме Стерлинг или некој друг од врвните играчи што ги имаме. Луѓето треба повеќе да ги почитуваат моите играчи, како и играчите на другите клубови, рече Гвардиола.