![Kilijan-Mbape](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/Kilijan-Mbape.jpg?resize=696%2C349&ssl=1)
Според француските медиуми Килијан Мбапе е подготвен да остане во редовите на ПСЖ, но под еден услов. Францускиот фудбалер од челниците на клубот неофицијално побарал во неговиот договор да има фиксна откупна клаузула која ќе биде достапна за сите заинтересирани тимови од Европа.
Добро е познато дека Флорентино Перез е подготвен да тргне во поход, Мбапе е желба на Зинедин Зидан, па Реал Мадрид нема да штеди пари за него.
Вториот тим кој застана во редот за францускиот фудбалер е Ливерпул, кој нема да има проблем со пари доколку ги продаде Салах и Мане.
Многу веројатно е дека Мбапе ова лето ќе остане во ПСЖ, пандемијата коронавирус направи вистински хаос, клубовите бележат големи загуби.
Доколку францускиот првак се согласи на оваа понуда, „светците“ ќе имаат последна шанса да заработат голема сума на пари, договорот на Мбапе завршува во 2022 година.