Mе бркаше со секира, тврди актерка од „Игра на троновите“ за чудовиштето Мерилин Менсон

Есме Бјанко, која ја играше улогата на Рос во популарната ТВ-серија „Game of Thrones“, го обвини Мерилин Менсон за злоупотреба. Таа се придружи на уште една негова поранешна партнерка, актерката Еван Рејчел Вуд, и уште четири жени кои упатија обвинувања против музичарот.

Бјанко го опиша Менсон како „чудовиште што за малку ќе ме уништеше“.

Во интервју за њујоршкиот магазин The Cut, таа даде детали за турбулентната врска со Менсон. Иако дотогаш го познавала неколку години, тие ја започнале нивната врска во 2009 година, на снимањето на спотот за неговата песна „”I Want to Kill You Like They Do in Movies“.

Актерката вели дека насилството на Менсон против неа започнало за време на снимањето на видеото, кога тој ѝ рекол: „Ќе мораш да се правиш дека сакаш да те малтретирам“.

Бјанко (38) се потсетува дека границите помеѓу глумата и реалноста станале замаглени, а Менсон ѝ давал кокаин, ја врзувал со кабли, ја камшикувал и користел болна електрична играчка за секс на раните што ги добила од врзувањето, пренесува порталот Headliner.

Во тоа време имала 26 години и се уверила дека и покрај насилството, создала емотивна врска со Менсон, тврди таа. Спотот за споменатата песна никогаш не беше прикажан, а Менсон ѝ дал неколку изговори на актерката зошто не бил објавен.

Двајцата дури и почнале да живеат заедно. Наводната злоупотреба продолжила во неговиот дом во Западен Холивуд, додека Бјанко се потсетува дека Менсон ја гризел без нејзина согласност за време на сексот, па дури и дека во еден момент ја расекол со нож.

„Се чувствував како роб. Доаѓав и си заминувава кога тој сакаше. Тој имаше целосна контрола со кого разговарав. Се сеќавам дека му се јавував на семејството на телефон криејќи се во плакарот“, рече таа.

После неколку месеци заеднички живот, Менсон наводно ја бркал околу куќата со секира, по што побегнала и ги прекинала сите контакти со него.

Музичарката Фиби Бриџис излезе со тврдење дека Мерилин Менсон има соба во неговиот дом што ја нарекува „соба за силување“.

Менсон беше обвинет од неколку жени за сексуално, физичко, емоционално и финансиско малтретирање, откако неговата поранешна свршеница Еван Рејчел Вуд излезе во јавноста и го именуваше музичарот како човекот кој со години ја злоставувал.