Велат дека медитеранската исхрана е една од најздравите, па затоа еве еден предлог како да подготвите вкусна салата со леблебија земена токму од оваа кујна.
Состојки:
- 560 грама леблебија варена
- 1 филџан шери домати
- 1 филџан свежа краставица
- Половина филџан црвена пиперка
- Половина филџан фета сирење
- 2,5 филџани листови од магдонос
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица маслиново масло
Подготовка:
Во поголем сад промешајте леблебија, преполовени домати, ситно исечкана краставица, црвена пиперка, мелено сирење и ситно исечкан магдонос. По потребата прилагодете ја и количината на состојките.
Во помал сад промешајте маслиново масло и сок од лимон, а потоа мешавината додадете ја во салатата и добро промешајте. Зачинете со сол и бибер и декорирајте со листов и магдонос.
За цел оброк салатата можете да ја послужите со брускети, а исто така оваа салата може да биде и добар прилог за јадења со месо.