Овие стапчиња ќе го освојат апсолутно секој љубител на медитеранските вкусови, а можете да ги подготвите за дружење со пријателите или да ги понесете на излет во природа.
Тие се вклопуваат во секоја прилика, а со добар сос ќе бидат одлично предјадење или пак вкусни грицки за пред телевизор.
Состојки:
- 1 филџан млеко
- 2 лажици путер
- 1 лажичка шеќер
- 1 квасец
- 1 лажичка сол
- 3 мали филџани брашно
- ½ лажичка оригано
- ½ лажичка босилек
- Маслиново масло
Подготовка:
Замесете тесто од брашно, млеко, путер, квасец, сол и шеќер и оставете да се крене.
Кога ќе се крене тестото, развлечете го со оклагија и половина од тестото премачкајте со маслиново масло и врз него наросете исечкано сирење, маслинки, пршута, босилек и оригано.
Затворете со втората половина од тестото и исечете стапчиња.
Фатете ги за краевите и извртете ги во спротивни насоки.
Ставете ги на хартија за печење, премачкајте со јајце, наросете сусам и сол.
Печете на 200 степени додека не добијат златна боја…