Медиуми: Зеленски сака да го смени врховниот командант на украинската војска

Украинскиот претседател Владимир Зеленски има намера да го смени Валериј Заслужни од должноста врховен командант на украинските вооружени сили, објави во средата украинскиот информативен портал Telegraf.

„Челникот на украинската армија, генерал-мајорот Валериј Заслужни може да биде сменет од високата функција…. На досегашниот врховен командант најверојатно ќе му биде понудена функцијата министер за одбрана. За неговото сегашно место веќе има кандидат“, пишува порталот цитирајќи неименуван соговорник.

Според медиумите, актуелниот командант на копнените сили на Украина, Олескандр Сирски може да го заземе местото на Заслужни. Се забележува и дека самиот врховен командант на украинските сили не е „многу среќен“ поради можноста да го води министерството за одбрана. Во моментов министер за одбрана е Олексиј Резников.

„Истовремено се поставува прашањето на која позиција би одел Резников. Имаше идеи да биде поставен за премиер. Американците го поддржа… Тој самиот немаше против да биде министер за правда“, го цитира порталот својот извор.

Нема информации за причините зошто би била смената на првиот човек на украинските сили која би настапила кон крајот на август или почетокот на септември. Но претходно во средата медиумите објавија дека Залужни, признал дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но тврдел дека ситуацијата е под контрола.

„Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана’, изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер.

„Пратениците и други луѓе до Зеленски велат дека нема конфликт меѓу кабинетот на претседателот со Валериј Зеленски“, но претседателот не е премногу желен да има конкурент при прославата на победата на Украина“, пишува порталот кој додава дека сепак Заслужни има голем рејтинг не само меѓу Украинците, туку и меѓу странските партнери и оти ќе биде ризик да се прават такви ротации.