МекКолум повторно доживеа колапс на десното белодробно крило

На кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, 32-годишниот шутер Си Џеј МекКолум во неделата му бил дијагностициран мал пневмоторакс на десното белодробно крило, соопшти овој НБА клуб.

На МекКолум во следните 48 часа ќе му бидат извршени дополнителни тестови за да се утврди како се опоравува кошаркарот.

Ова е вто пат во неговата кариера МекКолум да доживее колапс на десното белодробно крило. Тоа му се случи првпат во 2021 година, кога мина шест седмици надвор од паркетот и пропушти 17 натпревари.

Во првите шест натпревари од новата сезона, МекКолум имаше просек од 21,7 поени, 4,8 скока и 5,7 асистенции.

Пеликанс се со 4-2 на четвртото место во Западната конференција.