Мемфис му го нанесе осмиот пораз по ред на Голден Стејт

Кошаркарите на Мемфис ноќеска забележаа победа над Голден Стејт со 122:102. За домаќините ова беше петти триумф во серија додека за Голден Стејт осми последователен пораз.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу недела и понеделник:

Бруклин – Атланта 108:86
Мемфис – Голден Стејт 122:102
Торонто – Сан Антонио 104:105
Денвер – Лос Анџелес клиперс 114:104
Феникс – Шарлот 100:92.

Најуспешни екипи во досегашниот тек од првенството се Лос Анџелес лејкерс  на Запад со биланс 32-7 (победи-порази) и Милвоки бакс во Источната конференција со скор 35-6.