Меркел ги повика Германците на лична одговорност и иницијатива во новогодишната порака

Личната одговорност и иницијатива се два од квалитетите што им се потребни на Германците за да ја придвижат напред земја и Европа во 2014 година, изјави канцеларката Ангела Меркел во однапред снимената новогодишна порака, чиј текст беше објавен денеска, пренесоа агенциите.

„Државата може само да инвестира. Таа може да создава добри услови. Политиката сепак не може да постигне ништо без сите вас во нашата земја. Она што секој еден од нас ќе го постигне индивидуално во мали размери, тоа се одразува на нашата земја како целина“, објасни таа.

Во говорот Меркел го дефинира како приоритет зачувувањето во добар ред на финансиите на Германија, обезбедување на поддршка за семејствата и успешното реформирање на енергетскиот микс.

Таа изјави јасно дека каква и да води политика Берлин, Германија мора да запамети колку е важна Европа за нејзиниот успех и обратно.

„Напредокот во нашата земја зависи од напредокот во Европа“, рекла Меркел, истакнувајќи ја важноста на задушувањето на финансиската криза, што продолжува да слабее економски големи делови од континентот.

Таа исто така призна дека личното нејзиното решение за новата година е да излегува на чист воздух повеќе .