Претседателот на Франција и германската канцеларка, Франсоа Оланд и Ангела Меркел, ќе се сретнат вечерва во Елисејската палата во Париз, каде ќе разговараат за последиците од грчкиот референдум, соопшти синоќа канцеларијата на францускиот претседател, пренесе МИА.
Во соопштението на Елисејската палата се наведува дека средбата доаѓа во рамки на постојаната соработка меѓу Германија и Франција за придонес кон трајно решение за Грција.
Во Грција вчера се одржа референдум на кој околу десет милиони граѓани се изјаснија за предлогот на меѓународните кредитори.
На вчерашниот референдум вкупно 61,31 процент од грчките гласачи се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.