Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговарајќи на критиките на пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, кусо изјавила дека се надева дека тоа ќе се надмине во „блиска иднина“.
Крихбаум, кој е претседател на парламентарната комисија на Бундестагот за односи со ЕУ, оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки во рамките на ЕУ.
– Не успеавме секаде да постигнеме пробив, на пример за почеток на преговорите со Северна Македонија. Тоа е штета и уште еднаш доживеавме една злоупотреба на позицијата на една земја- членка против една земја-кандидат со наметнување на билатерални барања. И, мора јасно да се каже, со вршење притисок. Како ги оценувате шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија? – праша Крихбаум.
Меркел кусо одговорила:
-Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина.