Местото на Македонија недвосмилсено е во Европската унија, констатираа во понеделникот во Брисел, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговата соговорничка Анџелина Ајхорст, директорка за западна Европа, западен Балкан и Турција во службата за надворешно-политички работи на Унијата
Како што објави Мицкоски на својот фејсбук-профил по средбата, челникот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на состанокот го искажал својот добро познат став дека земјата треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и притоа побарал поддршка, согласувајќи се својата соговорничка дека местото на Македонија е во ЕУ.
„Зборувавме за неправдата која е нанесена на македонскиот народ, на македонската нација и на македонската држава и неможноста да ги почнеме долгоочекуваните преговори со Европската унија, бидејќи ние како народ и како држава заслужуваме да бидеме дел од европското семејство. Тоа што го добив од другата страна како повратна информација е дека нејзина лична желба, но и желбата на политичарите овде во Брисел е навистина да дадат сè од себе за да му помогнат на македонскиот народ и на македонската нација, но и на Македонија како држава“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
.Мицкоски притоа изразува задовлство од тоа што го слушнал на средбата со Ајхорст, порачувајќи дека „најдоброто за македонскиот народ и држава допрва следува“.