Албанско- македонските билатерални односи се многу добри, стабилни, во секој поглед, но можеме повеќе пред сè во економоијата и трговската размена, оцени албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојува во Дебар.
-Се надевам дека набрзо ќе заврши и изградбата на автопатот „Руга е Арбрит”(Патот на Арбр) што е една одлична можност за економски „процут” на Дебар, но и за целиот овој регион. Тоа ќе значи и нови работни места и задржување на младите на родното огниште, рече Мета, додавајќи дека треба да се даде посебен импулс во сорабоката за справување со пандемијата.
Тој одговори на новинарско прашање и околу евроинтегративниот процес на Албанија и на Македонија, оценувајќи дека „Македонија е на сигурен пат, наспроти Албанија која треба уште да направи”.
-Сметам дека Македонија спроведе зрели политички и демократски процеси. Македонија е на сигурен пат. Се надевам дека во односот со Бугарија прашањата ќе бидат надминати во европски духот и соработка. Нам ни останува многу повеќе работа, секако ќе настојуваме да ги исполниме задачите, а тука битно е успешно да ги спроведеме и изборите, тие да бидат слободни и демократски избори. Така ќе се случи во секој случај, оцени Мета.
Автопатот „Руга е Арбрит” ја скусува оддалеченоста од граничниот премин „Блато”,кај Дебар до Тирана за повеќе од 100 клометри и ќе изнесува осумдесеттина.
Мета претходно имаше куса средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, а се обрати и пред членовите на Советот на општината. Попладнево ќе има поздравен збор на свечената академија по повод одбележувањето на 111- годшнината од Дебарскот конгрес. На свеченоста ќе се обрати и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
https://twitter.com/ilirmetazyrtar/status/1330116033760342017?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1330116033760342017%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Frechisi-4-000-novozarazeni-so-koronavirus-vo-bugarija-129-pochinati%2Fa449031