Ракометарите на Металург со висок пораз во саботата ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај францускиот претставник Монпелје беа совладани со 22:32.
По воведните минути моќниот француски клуб покажа дека во овој момент е едно ниво погоре од македонскиот претставник кој ја подмладува екипата и сѐ уште го воигрува тимот. Монпелје беше ефикасен и во нападот и во одбраната, па избраниците на Лино Червар не можеа да сторат ништо повеќе.
Монпејле веќе на полувремето имаше убедлива предност од осум голови разлика, а разликата беше направена во период од само пет минути, од 15 до 20 минута од средбата.
Французите не застанаа ниту во вториот дел, па набрзо стигнаа и до предност од десет гола разлика, а конечниот резултат гласеше 32:22.
Најефикасни на натпреварот беа Јагањац од Металург со шест погодоци, а исто толку постигна и Гигу од редовите на домаќините.