Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Мицевски побара да се додаде уште една точка на гласање на 136-та седница на Собранието на Република Македонија, разрешување на техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тој најпрвин побара на пратениците да им се доделат стенограми од седницата бидејќи како што вели ќе бидат потребни за натамошната дискусија.
Спасовски за време на својот говор, зборуваше зошто треба да се разреши министерката Рашела Мизрахи бидејќи наводно не го почитувала Договорот од Преспа.
Но Спасовски за време на своето излагање во Собранието наместо новот име на државата го употреби старото Република Македонија и на тој начин го прекрши Договорот од Преспа.