Мицкоски: Ако нема избори на 12 април СДСМ ќе се соочи со гневот на народот и со гневот на ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното интревју на ТВ Kлан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето од водителот дали имаат план Б доколку нема избори на 12 април тој изјави дека ќе има избори на 12 април, а доколку нема СДСМ ќе се соочат со граѓаните.

-Ќе се соочат со гневот на народот и гневот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А – нагласи Мицкоски.

Во понатамошното интервју претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека на граѓаните ќе им понудат алтернатива и иднина на следните парламентарни избори.

-Перцепцијата на граѓаните е дека овие лажат за да крадат. Таква е перцепцијата помеѓу народот, е сега како тоа ние ќе го смениме, да точно е, ние не треба да имаме компромиси со правото, и нема да имаме- заклучи Мицкоски.