
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за телевизија Алсат М истакна дека опозицијата е под политички терор од страна на власта, односно во Македонија се врши политички прогон.
Тој спомена неколку случаи во кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле токму жртва на политичкиот прогон кој го спроведуваа Заев и СДСМ, но партијата е спремна овој притисок да го издржи. Мицкоски напомена и неколку корупциски и криминални скандали во кои се вмешани високи функционери на власта, па ги потсети дека и за нив ќе важи членот 353 став 5 од Кривичниот законик кој се однесува на злоупотребата на службена должност.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ, како структура подготвени сме на овој политички прогон, политички терор. Но ќе ги потсетам на она што го напишав на крајот од мојата колумна вчера. И Зоран Заев, но и сите функционери на СДСМ и оваа влада, тоа што си го дробеле, тоа ќе го сркаат. Членоt 353 став 5 ќе важи и за нив, вели Мицкоски.