![Mickoski na ok gazi baba](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/Mickoski-na-ok-gazi-baba.jpg?resize=676%2C388&ssl=1)
Дали куферите со пари од милионскиот криминал со Меѓународниот сојуз завршувале на Бихаќка за финансирање на кампањата за изборите, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва се обрати на свечен настан по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија во организација на Унијата на жени ОК Гази Баба на ВМРО-ДПМНЕ.
„8 Септември“ е и на комитите, и на партизаните, на мудрите луѓе на ВМРО, но и на СДСМ, оние кои веруваат во Македонија и се колнат во ова парче земја. 8 Септември е на Македонија. Тоа не треба никој да го заборави, без разлика од која политичка партија доаѓа. Сите вие и должите се што сте постигнале во вашите животи на ова парче земја што се вика Република Македонија“, рече Мицкоски во обраќањето.