Мицкоски: Доколку Македонија не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, Алтернатива треба да излезе од Владата

Во однос на коалицијата на СДСМ/ДУИ со Алтернатива, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во инервјуто за МТВ рече дека доколку државата не добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, тогаш Алтернатива која одлучи да влезе во коалиција со СДСМ и ДУИ треба да излезе од Владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто посочи дека со соработката со Алијанса на Албанците и другите политички партии кои се дефинираат како опозициски, се базира на темелни вредности.

„И со Алијанса за Албанците и останатите партии кои себеси се дефинираат како опозициски партии ценам дека треба да имаме принципиелна соработка како до сега што имавме, базирана на темелни вредности за кои што ќе се залагаме, и тука ние нема никаков проблем, тоа е дел од таа втора епоха“, рече Мицкоски.

Во однос на Алтернатива, којашто минатата седмица се реши да влезе во Владата, Мицкоски рече дека смета оти оваа партија треба да ја напушти соработката со СДСМ и со ДУИ, нејзините лидери да ги надминат своите суети и да повикаат на предвремени парламентарни избори, бидејќи според него актуелната нема иднина.

„Но, мојата порака до Алтернатива по четврток ќе биде дека навистина повеќе не ја гледам потребата ако Македонија не ги почне преговорите да бидат дел, бидејќи тие се уште не се ни дел официјално на владата, само усмено се дел, практично нема. Клучната работа која што нив ги обединува во таа нова влада е почетокот на преговорите, ако тоа не се случат, тогаш не ја гледам причината и ако навистина Алтернатива, на која што и е името Алтернатива на ДУИ тогаш ценам дека тие треба да излезат да ги надминат своите суети и фрустрации и да кажат повикуваме на обединување на опозиција, очигледно дека оваа влада ваква каква што е нема иднина, предвремени парламентарни избори и составување на влада којашто нема да го зачува ДУИ и СДСМ“, рече Мицкоски