
Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори дека Македонија губи премногу животи и дека работите мора да се промена, напиша вечерва на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенсиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи.
Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани“ – порача Мицкоски.