Мицкоски на дебата на МТВ со новинарите од националните телевизии

Јавниот сервис МТВ во понеделник во 20.15 часот организира двочасовна дебата на којашто гостин ќе биде лидерот на опозицијата Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.

Се очекува да се разговара за економијата, за името, двојазичноста. Во центарот на вниманието ќе бидат изборите, претседателски и можните предвремени како и други актиелни прашања.

Во минатото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, двапати го повикуваше премиерот Зоран зЗаев на дебата, но овој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.