Мицкоски на средба со Пленковиќ: Македонските граѓани се заложници на неспособноста на Владата на Заев

Додека земјите од регионот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и поради тиа работите мора да се променат, истакна мешу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во средата во рамките на неговата мини-турнеја во земјите членки на ЕУ од регионот престојуваше во посета на Загреб каде придружуван од потпретседателот на партијат Александар се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

На средбата со хрватските политичари кои доаѓаат од владејачката Хрватска демократска заедница (HDZ) сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи одблокирањето на европските интеграции на државата, посочувајќи дека покрај ветото од источниот сосед граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев која не може да испорача резултати.

„Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите“, истакна Мицкоски кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.

Мицкоски му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината, и за рестартирање на општеството.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со средбите во Загреб ја заокружува дипломатската регионална посета каде за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери,  на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Словенија, Јанез Јанша и на Унгарија, Виктор Орбан.