Победничко Облешево и целата општина Чешиново Облешево се крева против неправдите. Нема да подлегне на лагите на власта, истакна лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
И ним им е јасно дека паѓаат. Пендаровски го плаши народот да не дозволеле да победи Силјановска зошто тогаш ќе имало парламентарни избори на кои ќе победело ВМРО- ДПМНЕ. Значи и ним им е касно дека владеат без поддршка на мнозинството граѓани, со други зборови се делегитимирани. Време е да ја смениме сликата за политичарите, време е за ново време каде ќе победи правдата, честитоста и вистинскиот напредок, напиша Мицкоски на Фејсбук.