![protest-vmro-1-960x594-680x365_c](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/protest-vmro-1-960x594-680x365_c.jpg?resize=640%2C344&ssl=1)
Ова што во моментот се случува во Република Македонија ги минува сите граници на нормално функционирање на една држава, и поради тоа е потребно формирање техничка влада од 100 дена и распишување на предвремени парламентарни избори, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното интервју за ТВ Алсат М.
Ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава. Јас го разбирам тој дел и затоа велам се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.
Нагласи дека не ја исклучува можноста за протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека тој поддржува секогаш мирни протести каде што граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе морат да го искажат револтот за катастрофалните политики на владата на Заев и неговите соработници.
Таман работа. Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, изјави Мицкоски.