Мицкоски очекува катастрофален последен квартал од 2019 на економски план

Четвртиот квартал од 2019 година на економски план ќе биде катастрофален, предвидува во вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Запрашан на што ги темели своите предвидувања Мицкоски вели:

„Погледнете го индустриското производство, погледнете го движењето во преработувачката индустрија, погледнете го земјоделството, туризмот, секаде имате пад.