Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во посета на Струмица каде масовно се празнува Христијанскиот празник Мала Богородица при што оствари средби и со граѓаните.
-Бев во Струмичка Вељуса, каде масовно се празнува Христијанскиот празник Мала Богородица. Граѓаните се незадоволни и им е смачено од ветувањата кои никогаш не се остваруваат. Народот бара промени, а на земјата и треба обнова. Тргаме заедно со народот, во рушењето на оваа власт, ги слушаме нивните барања и потреби на што ќе понудиме решенија кои ќе ја донесат обновата, објави на својата Фејсбук страница Мицкоски.